Лука Дончиќ имаше брилијантен индивидуален учинок и испорача 40 поени во три четвртини во дуелот со Сакраменто, но тоа беше недоволно за Лејкерс да има предност во пресметката со „кралевите“ кои имаа неколку расположени играчи во тимот.
Домаќините водеа и со плус 20 кога Дончиќ беше блиску до 40 поени на крајот на третиот период, па тука стана јасно дека домаќините ќе имаат рутинска задача да ја одбранат победата до крајот на мечот.
Расел Вестбрук стандардно беше мотивиран во дуелите против поранешните тимови и успеа да режира слатка одмазда за себе, но и за Денис Шрудер кој беше суспендиран поради инцидентот со Дончиќ на крајот на 2025-та година.
Германскиот репрезентативец го извлече подебелиот крај и одлежа суспензија рано утрово, но и без него во тимот, Кингси славеа со 124:112.
Дончиќ на крајот го заврши мечот со 42 поени, 7 скокови и 8 асистенции, најефикасен во Сакраменто беше ДеРозан со 32 поени, додека Веструк зад своето име запиша 22 поени, 5 скокови и 7 асистенции.
НБА резултати:
Кливленд – Јута 112:123
Индијана – Бостон 98:96
Торонто – Филаделфија 102:115
Далас – Бруклин 113:105
Сакраменто – ЛА Лејкерс 124:112
ЛА Клиперс – Шарлот 117:109








