Буфон: Јувентус ќе беше во трка за Скудетото ако Спалети…

Дерби

13/01/2026

11:11

186

Големина на фонт

а а а

Јувентус го растури Кремонезе и оствари убедлива победа од 5:0, па така Лучијано Спалети забележа и седма победа во Серија А откако го презема тимот на крајот на месец октомври.

Искусниот стручњак предизвика позитивен шок во тимот и Јуве има биланс од седум победи, три реми средби и само еден пораз под негово водство, а тоа направи тимот да биде на четири бода од лидерот Интер во ситуација кога има одигранот натпревар повеќе.

Овие бројки делуваат навистина импресивни во ситуација кога тимот беше раздрман и неубедлив под водство на Игор Тудор, па сега Џиџи Буфон прв си даде за право да заклучи дека Јуве ќе бил во битката за Скудетото доколку сезоната ја стартувал со актуелниот тренер.

– Јуве започна со мал хендикеп и требаше да премости одреден јаз поради неизвесноста кој ќе го води тимот на стартот на новата сезона. Јувентус имаше многу нерешни резултати и тоа ги натера луѓето да бидат незадоволни, но влијанието кое сега го гледаме од Спалети е очигледно.

– Јуве навистина многу расте во последно време, ако Спалети беше тука од стартот, тимот сега ќе беше сериозно во трката за Скудетото, – потенцира Буфон.