Доминик Собослаи со спектакуларна „бомба“ го отвори резултатот на ФА Куп натпреварот против Барнсли и ја најави победата на фаворитот, но пред крајот на првиот дел, режираше и еден потег кој беше оценет како потценувачки од противничкиот табор.
Иако гостите профитираа со глупоста на Собослаи во својот шеснаесетник и дадоа гол за 2:1, менаџерот Конор Хурихејн го нападна унгарскиот фудбалер, односно му замери за потценувачкото играње со пета на такво место од теренот.
– Да бидам искрен, разочаран сум од играчот на Ливерпул. Сигурен сум дека не би го направил тоа против Арсенал, Челси, или против тим во Лигата на шампиони. Покажа непочитување кон нас како ривали, – изјави Хурихејн.
Оваа ситуација ја коментираше и Арне Слот по победата од 4:1, при што холандскиот стручњак нагласи дека ќе зборува со Унгарецот за непотребниот и чуден потег.
– Не треба да направите такво нешто на ФА Куп натпревар, на Карабао Куп натпревар, но ниту на пријателски натпревар или тренинг. Тоа беше чуден избор од негова страна, но претпочитам да завршам тука и да зборувам лично со него за овој потег, – изјави Слот.
There’s NO WAY Szoboszlai does that against Premier League opposition. His lack of respect for lower league footballers completely backfires!#LivBar #Lfc #FACup #Barnsley pic.twitter.com/3mGLDOn1BG
— Oor Roy (@OorRoy) January 12, 2026








