[ФОТО] Скандал на доделувањето на „Златните глобуси“: Вечниот шармер прекрши строго правило, јавноста е во шок

Точка

13/01/2026

10:19

1.447

Големина на фонт

а а а

Фотографијата на Шон Пен со цигара во раката на доделувањето на „Златниот глобус“ во Лос Анџелес многу брзо се прошири на социјалните мрежи.

Како што може да се види, Пен, кој седи покрај Леонардо Дикаприо, сосема опуштено ужива во тутунскиот чад на место каде што пушењето е строго забрането.

Класичните цигари одамна се „протерани“ од доделувањето на престижните награди, а во 2014 година, на барање на неколку американски сенатори, биле забранети и електронските цигари — со цел да се избегне гламуризацијата на пушењето и да се заштити здравјето на младите фанови.

„Секоја година, Здружението на странски новинари во Холивуд ја препознава извонредноста во филмот и телевизијата на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Низ целата земја и светот, луѓето ги следат модерните актери на црвениот тепих, уживаат во шоуто и навиваат за своите омилени филмови и актери

За жал, оваа година многу млади гледачи видоа значајни прикази на употреба на електронски цигари за време на доделувањето на наградите, вклучувајќи го воведниот монолог и повторените снимки на познати личности кои пушат електронски цигари“, напишале сенаторите на 14 јануари 2014 година.

Нивниот апел бил усвоен и цигарите во каква било форма биле забранети, па затоа е уште почудно како Пен, кој според пишувањата на медиумите бил виден како пали цигара по цигара на својата маса во театарот каде што се одржувала доделата на „Златниот глобус“, се оглушил на правилата.

„Неколку гости барале место за пушење пред театарот. Но еден режисер ми кажа дека го видел Пен како пали цигара во театарот, токму на неговата маса“, објави „Vanity Fair“, повикувајќи се на анонимен извор.

Пен пушел цигара за време на интервју во 2018 година во емисијата „Late Show with Stephen Colbert“, а исто така пушел една цигара по друга додека зборувал на прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш во 2024 година, потсети „Дејли мејл“.

Дека има силна никотинска зависност, Пен покажал и на концерт на Крис Корнел, на што потсетија корисниците на Икс, коментирајќи ја неговата фотографија со цигара од доделувањето на „Златните глобуси“.

„Бев на концерт на Крис Корнел во многу мала просторија, со околу 100 луѓе. Шон Пен цело време пушеше цигари внатре, дури и додека персоналот цела ноќ непрекинато му зборуваше: ‘Господине Пен, не сакаме да ве вознемируваме, но пушењето внатре е противзаконско’“, напиша еден твитерџија.

„Тој е никотински зависник, како и Денев, и прилично сум сигурен дека неговиот услов за присуство бил да може да пуши“, навел друг.

„Шон Пен е тежок пушач уште од 80-тите — Калифорнија го забрани пушењето во затворен простор во 1998 година, но организаторите на настани како доделувањето на „Златните глобуси“ често замижуваат пред ВИП-гостите“, навел трет.

„Можеби цигарата му помогнала да се опушти откако водителката Ники Глејзер добро го исмеја за време на својот воведен монолог. Актерот првпат се најде во центарот на нејзиното внимание кога таа го спомена неговиот изглед, нарекувајќи го ‘секси кожна торбичка’, која се откажала од холивудската опсесија да изгледа помладо“, се запраша „Дејли мејл“.

„Пен е толку оригинален. Сите во овој град се опседнати со тоа да изгледаат помладо. Во меѓувреме, Шон Пен вели: ‘А што ако полека се претворам во секси кожна торбичка?’“, рекла Глејзер.

Додека публиката гласно се смеела, Глејзер го уверуваше добитникот на Оскар дека е „згоден“ и „дека добро изгледа“.

И додека на Икс се редеа бројни коментари од типот: „Па, ова е нелегално и многу вознемирувачко“, еден корисник на оваа платформа порача: „Кога работиш за ЦИА, можеш да се извлечеш со тоа“.