Љубовната приказна на Том Холанд и Зендеја веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, но деталите од својот приватен живот и понатаму ги држат подалеку од медиумите.
Сепак, таткото на Том, Доминик Холанд, откри еден интересен детаљ односно подарокот што го подготвил за синот и неговата сопруга.
Имено, наместо класичен луксузен подарок каков што би се очекувал за една од најпознатите холивудски венчавки, Доминик се решил за нешто многу поневообичаено – јапонски кујнски ножеви.

Подарокот го купил за време на патување во Јапонија, каде што одбрал два квалитетни ножеви, посебно наменети за Том и Зендеја, со нивни изгравирани имиња.
Особено интересен момент се случил во самата продавница. Кога Доминик му рекол на продавачот за кого ги купува ножевите, тој наводно сфатил дека станува збор за семејството на британскиот актер. Меѓутоа семејството сакало целата приказна да ја задржи во тајност, па побарале од продавницата да не ги споделуваат фотографите и информациите за средбата.

Иако на прв поглед изборот на подарок делува невообичаено, зад него се крие едноставна идеја. Имено Доминик сакал на синот и снаата да им подари нешто што навистина ќе им биде од корист, но и што истовремено ќе има лично значење.

Том и Зендеја со години се едни од најследените холивудски млади ѕвезди. Нивната врска започна по соработката на филмовите за Спајдермен, а парот главно се обидува да ја заштити својата приватност од јавноста.

Затоа деталите околу нивната венчавка долго време беа предмет на многу шпекулации.
Том претходно потврди дека членови на неговото семејство присуствувале на венчавката, што дополнително го разгоре јавниот интерес за нивниот голем ден.








