[ВИДЕО] Турчинка (55) тврди дека е биолошко дете на Доналд Трамп: Поднела и тужба

Точка

08/01/2026

20:16

1.629

Големина на фонт

а а а

Турчинка која тврди дека личи на американскиот претседател Доналд Трамп поднела тужба за утврдување татковство, тврдејќи дека американскиот претседател ѝ е биолошки татко и бара ДНК-тест за да го докаже тоа.

Подносителката на тужбата – Некла Озмен (55), живее во Анкара, главниот град на Турција и поднела тужба до 27. Семеен суд во Анкара на 25 септември. Судот веднаш ја отфрлил бизарната тужба, но таа поднела жалба.

Некла тврди дека е родена во 1970 година и дека официјално е запишана во матичните книги како ќерка на Сати и Дурсун Озмен, парот што ја одгледал. Таа тврди дека подоцна дознала дека е посвоена и дека Сати ѝ ја кажала вистината во 2017 година.

Некла тврди дека се случила „замена на бебиња“ во болница во Турција околу 1970 година, најверојатно во Анкара.

Според нејзините зборови Сати родила мртво бебе во болницата и дека друга жена која се породила во исто време — американска државјанка која Некла ја идентификува само како Софија — го предала своето новороденче на одгледување и регистрација на семејството Озмен.


Некла тврди дека Софија рекла дека причината била тоа што детето е резултат на забранета врска со Трамп, а потоа бебето било одгледано од семејството Озмен како нивно. Таа ги замолила судиите да утврдат татковство и побарала генетско тестирање.

Во интервјуа за турските медиуми, Некла изјавила дека може само да претпоставува како Трамп и Софија можеле да се запознаат.

Таа тврди дека Сати ѝ рекла дека Софија покажала фотографија од Трамп кога било предадено бебето и дала детали за таткото.


Некла истакнала дека сака да разговара со Трамп и инсистирала: „Не сакам да му правам проблеми. Само сакам да ја знам вистината. Само сакам да знам дали тој е мојот татко. Би сакала да разговара со мене. Со ДНК-тест можам да докажам дека тој е мојот татко, ако се согласи“, изјавила таа за „DHA Press“.

„Верувам дека тој е добар татко. Верувам дека ни тој нема да ме одбие“, додала Турчинката.

Како што пренесоа турските медиуми, судот го отфрлил нејзиното барање поради недостиг на докази.

Но Некла поднела жалба на одлуката на судот, а исто така испратила барања и до амбасадата на САД, како и до судовите во САД.