Родри: Наместо да победиме 3:0 или 4:0, ние…

Дерби

05/01/2026

11:09

247

Големина на фонт

а а а

Родри се врати во стартната постава на Манчестер Сити и ја контролираше играта во средниот ред, но сепак не можеше да спречи несреќен гол примен во судиското продолжение, погодок кој ги фрли во очај сите присутни на „Итихад“, освен гостинските навивачи и фудбалери.

Челси израмни на 1:1 и успеа да освои огромен бод на тешкото гостување на „Итихад“, а разочаран од исходот беше искусниот шпански играч за врска кој вината ја побара кај себе и своите соиграчи.

Неефикасноста на „граѓаните“ беше сурово казнета во самата завршница, а тоа го потенираше и самиот Родри кој и покрај новите загубени бодови во битката за Премиер лигата, верува дека има уште многу за игра.

– Фрустрирачки е кога ќе испуштите бодови на ваков начин, но таков е фудбалот. Направивме доволно шанси за да победиме 3:0 или 4:0, но на крајот си заминуваме само со еден бод, таков е фудбалот.

– Кога не ги користите своите шанси, обично противникот израмнува од ништо. Тоа ни се случи сега и мора да научиме од ова. Има уште многу за игра и мора да научиме од овој натпревар, мора да останеме фокусирани за следните натпревари. Одигравме брилијантно прво полувреме, направивме доволно за три или четири гола уште во таа фаза од мечот, но во вториот дел малку ја загубивме контролата и со лесно загубени топки им овозможивме да имаат повеќе играчи во нашата половина, – изјави Родри.