Чупиќ за херојот на Хрватите: Отсекогаш сум го гледал како Кирил Лазаров

Дерби

20/01/2026

12:54

385

Големина на фонт

а а а

Хрватска завери втората фаза на Европското првенство во ракомет откако оствари победа над селекцијата на Холандија (35:29), па сега во директен дуел со Шведска двата тима ќе решаваат за тоа кој ќе го освои првото место во групата и кој ќе пренесе бодови во наредната рунда.

„Коцкестите“ имаа прескромно издание против Грузија и цела јавност не знаеше што да очекува од тимот на Сигурдсон, но кога беше најпотребно, капитенот Иван Мартиновиќ одигра брилијантно и беше лидер со девет гола на теренот, од кои добар дел ги постигнуваше во клучните моменти.

Десниот бек ја импресионираше домашната јавност со лидерските капацитети кои ги демонстрираше како капитен на тимот, а во низата пофалби се јави и актуелниот тренер на Вардар, Иван Чупиќ.

– Играв заедно со Мартиновиќ и приватно го познавам, знам за каков играч и за каков човек санува збор. Отсекогаш сум велел дека е екстра напаѓач и екстра човек. Може да даде 10-тина голови против било кој тим во светот. Против Грузија немаше свој ден, но не може секогаш да има добар ден.

– Отсекогаш сум го гледал како Кирил Лазаров во Македонија, тој е играч кој од ништо може да ви даде 10-тина гола и кој секогаш може да ви донесе нешто во нападот кога не му оди на тимот и кога излгедаат работите тешко. Има нос за гол и тоа му е најголема предност. Беспредметно е да расправаме дали Мартиновиќ му е потребен на тимот на секој натпревар, јас лично мислам дека оваа Хрватска има доста капацитет, но играч како него секогаш му овозможува на тимот да дише полесно, – вели Чупиќ во разговор за „Индекс“.