Лука Дончиќ е лидер на Лос Анџелес Лејкерс во оваа сезона, а за да резултатите бидат на уште повисоко ниво треба да се развие и тимска хемија.
Во денешно време супер важни се и социјалните мрежи, Јутјуб каналите, па така Лука влезе во интересен предизвик со соиграчите кои се обиде да ги научи неколку зборови, реченици на словенечки јазик.
Како се снајдоа Ејтон, Хачимура, Смарт, Ривс и компанија во овој предизвик ќе видите во следните четири минути, но едно е јасно смеата е загарантирана.







