Составот на Реал Мадрид ја забележа наубедливата победа на вечерашните средби во Лигата на шампионите и тоа против Монако кој беше потопен на „Сантијаго Бернабеу“ со 6-1.
Шпанскиот великан покажа сила и до врв ја наполни мрежата на тимот од Лига 1, тим кој игра навистина променливо. Мбапе даде два гола во првиот дел, потоа во листата на стрелци се запишаа Мастантуоно, Керер (автогол), Вини Жуниор и Белингам, додека на другата страна реализираше Тезе.
ТУКА можете да ги погледнете головите.
Премиерлигашот Арсенал продолжува да игра без грешка во ЛШ, па и по седмото коло останува со 100 процентен учинок. Најнова жртва е Интер кој беше добиен на „Џузепе Меаца“ со 3-1. Напаѓачите Габриел Жезус (2) и Ѓокереш беа на висина на задачата во Милано, а Сучиќ пак беше автор на голот за калчолигашот.
ОВДЕ можете да ги погледнете головите.
Европскиот првак Пари Сен Жермен падна во Лисабон. Домашниот Спортинг направи големо изненадување и ги реши избраниците на Луис Енрике со 2-1.
Херој беше летното засилување Луис Суарез кој погоди во 74 и 90 минута.
ТУКА можете да ги погледнете најважните моменти.
Наполи пак и покрај асистенцијата на Елиф Елмас не успеа да го добие ФК Копенхаген (1-1), Олимпијакос и Тотенхем остварија идентичени триумфи над Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, додека Вилјареал претрпе нов пораз од Ајакс со 2-1.







