„Шверцери“ со последен ултиматум до газдата на Шкупи: Ова е крајот на чекањето!

Дерби

30/12/2025

12:07

174

Големина на фонт

а а а

Шкупи го заврши првиот дел од сезоната како убедливо најлош тим во Првата македонска фудбалска лига, а откако верните навивачи наидоа на затворени врати и игнорантски однос од страна на сопственикот на клубот, сега „Шверцери“ испратија последен ултиматум до газдата Јасин Коњали.

Популарните „Шверцери“ посакуваат сценарио какво што доживеа Вардар пред неколку години, односно бараат водењето на клубот да им припадне нив, односно да им биде предаден преку сите законски и административни процедури во ситуација кога газдата нема никаков јасен план за иднината на Шкупи.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

– ФИНАЛЕН УЛТИМАТУМ УПАТЕН ДО СОПСТВЕНИКОТ НА КЛУБОТ, ЈАСИН КОЊАЛИ!

– Во овој критичен момент за иднината на клубот, сме должни јавно и директно да му се обратиме на сопственикот на клубот, Јасин Коњали, со јасен, концизен и конечен став. Актуелната состојба е неприфатлива и нестабилна. Клубот повеќе не може да продолжи во ваква состојба на неизвесност, неодговорност и молк. Оваа спортска институција не е ничија лична сопственост, туку заедничка вредност која ги претставува фудбалерите, стручниот штаб, навивачите и целата заедница што стои зад неа.

– Нашето барање е едноставно и јасно: Клубот мора официјално да ни биде предаден, преку сите законски и административни процедури, без понатамошно одолговлекување. Секое понатамошно избегнување или одлагање е неприфатливо и директно ѝ штети на иднината на клубот. Изразуваме најдлабока благодарност и безусловна почит кон директорот, стручниот штаб и локалните фудбалери кои со достоинство, жртва и искрена љубов кон клубот останаа покрај него во најтешките моменти. Повеќе од шест месеци тие работеа без плата, без сигурност и без гаранции, но никогаш не го напуштија клубот. Тие го одржаа духот на клубот жив, работеа тивко и дадоа сè од себе – не за личен интерес, туку за честa, достоинството и континуитетот на името.

– Ултиматумот на „Шверцери“ до сопственикот е конечен:

Лично да се појави

Да изврши целосен и неповратен трансфер на клубот

Клубот да биде регистриран на име на „Шверцери“

И потоа дефинитивно да се повлече од каква било улога, влијание или одговорност поврзана со клубот

Овој чекор е неопходен за да се врати стабилноста, довербата и надежта. На клубот му се потребни јасност, лидерство и вистинска одговорност – а не празни ветувања или отсуство.

Ова не е емоционален апел на моментот, туку промислен, обединет и конечен став.

Иднината на клубот повеќе не смее да биде заложник.

Ова е ултиматум. И ова е крајот на чекањето, – се вели во соопштението.