Роналдо откри непозната анегдота за неверојатниот бизнисмен Флорентино: Може да се каже дека играв гратис за Реал!

Дерби

30/12/2025

13:59

440

Големина на фонт

а а а

Луис Назарио Де Лима Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најталентираните напаѓачи кои се појавиле во светскиот фудбал, но и како легенда која беше дел од фамозниот „Галактико“ тим на Реал Мадрид.

Флорентино Перез создаде фудаблска велесила на стартот на новиот милениум и инвестираше големи парични средства во неколку големи фудбалски ѕвезди, а една од нив беше и Роналдо кој сега открива каков извонреден бизнисмен е претседателот на „кралскиот клуб“.

За време на фудбалскиот самит во Дубаи, Роналдо се потсети на времето кога бил купен од страна на Перез, но и договорот кој го потпишал и кој бил плоден за двете страни.

– Во Реал Мадрид доживеав нешто посебно, првпат налетав на претседател кој го промени фудбалот во секоја смисла на зборот. Тоа е Флорентино Перез, најдобриот претседател и најдобриот бизнисмен што го познавам. Се сеќавам дека Реал Мадрид должеше 300 милиони евра, Флорентино го продаде стариот спортски центар и изгради нов блиску до аеродромот. Вложи во големи фудбалски имиња како мене, Фиго, Зидан и Бекам, создаде тим наречен Галактикос. Тој го промени начинот на кој се гледа фудбалот, за мене тоа е најголемата промена во оваа фудбалска индустрија.

– Се сеќавам дека сите четворица имавме исти плати, со тоа што Бекам и јас имавме повеќе приходи поради спонзорите. Сепак, тие приходи ги делевме со клубот и може слободно да се каже дека играв гратис за Реал Мадрид, – низ смеа објаснува „Ил Феномено“.