[ВИДЕО] Ентони Џошуа доживеал страшна сообраќајна несреќа: Неговите сопатници загинале, за влакно избегнал смрт

Точка

29/12/2025

15:52

1.090

Големина на фонт

а а а

Британскиот боксерски шампион Ентони Џошуа денеска доживеал страшна сообраќајна несреќа во Нигерија, земјата од која потекнува.

Несреќата се случила само неколку дена по големата борба на Џошуа против Џејк Пол, кого спектакуларно го нокаутирал во шестата рунда.



Според извештаите на британските медиуми, Џошуа бил на задното седиште во еден од автомобилите што учествувале во несреќата, а две лица загинале.

Џошуа за влакно ја избегнал смртта, бидејќи тие две лица биле заедно со него во автомобилот.



Се верува дека автомобилот во кој се наоѓал Џошуа, „Lexus SUV“, се судрил со камион што стоел во близина на бензинска пумпа на прометниот автопат Лагос – Ибадан.


Џошуа бил пренесен во болница на лекување, известил Ланре Огунлово, портпаролот на државната полиција во Огун.