„Мирор“ го сврсти овој поранешен југословенски град меѓу идеалните дестинации за зимски одмор: Град кој вреди да се истражи

Точка

24/12/2025

09:29

713

Големина на фонт

а а а

Британскиот магазин „Мирор“ издвои неколку дестинации идеални за кратки зимски патувања, а меѓу нив се најде и Сараево. Според нив, краткиот одмор може да биде вистинско „ресетирање“ што на многумина им е потребно

На првото место е главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево, за кој наведуваат дека не е класична дестинација за „бегство“, но дефинитивно е град што вреди да се истражи.


Фриленс-новинарот и љубител на патувања, Гавин Бајрон Харис, истакнал дека Сараево е значително поевтино од други популарни балкански дестинации, како Хрватска и Словенија. Тој додал дека и самото патување до градот е поволно.

„Ryanair нуди директни и евтини летови до Сараево од лондонскиот аеродром Станстед, а движењето низ градот е навистина евтино. Такси-превозот е речиси двојно поевтин од оној во Велика Британија, а трамвајската линија што го поврзува целиот град чини помалку од две фунти, без разлика на бројот на станици“, навел Харис.

Кога станува збор за гастрономијата, тој истакнал дека храната е достапна, со богат избор на локални и интернационални јадења, особено во Башчаршија.


Следна на листата е Прага, еден од најпопуларните градови за кратки викенд-патувања. Се нагласува дека летовите се многу евтини, со директни линии од Лондон, Манчестер, Бристол и Единбург. Групните тури чинат околу пет евра, додека приватните тури можат да надминат 40 евра за неколку часа. Дневна карта за метро и автобуси чини околу пет фунти.

За Прага се наведува и дека рестораните се поволни, особено надвор од главните туристички зони, а сместувањето е пристапно, со поевтини хотели и хостели на само десетина минути пеш од центарот.


Меѓу препораките е и Ланзароте на Канарските Острови, каде во јануари може да се најдат директни летови од Манчестер за околу 50 фунти. Температурите се движат меѓу 20 и 22 степени, а пакет-аранжманите започнуваат од 200 фунти по лице за четири ноќевања, со вклучени летови од Лондон.


Потоа следува Исланд, кој „Мирор“ го препорачува како идеална дестинација за набљудување на северната светлина. Најдобро време за посета се првите две недели од јануари, кога ноќите се најтемни. Пакет за продолжен викенд чини околу 250 фунти, а како поопуштена алтернатива се предлага градот Акурејри, кој е помирен од Рејкјавик.


Се советува изнајмување автомобил за подобро истражување на островот, додека за храната се наведува дека е многу скапа, па не се препорачува често јадење во ресторани.


На листата се најде и Нит Порт Толбот, дестинација што нуди прекрасни пејзажи и поглед кон морето. Сместувањето е евтино, туристи има малку, а како задолжителни места за посета се препорачуваат плажата Аберавон, имотот Гнол и шумскиот парк Аран.