Доколку чувствувате потреба за десерт, но немате многу време за подготовка, овие брзи топчиња од бисквити можат да бидат идеален избор.
Тие се подготвуваат на едноставен начин, а рецептот се состои од само неколку состојки.
Потребни состојки:
• 300 гр. бисквити „Petit Beurre“
• 200 гр. шеќер
• 200 гр. путер или маргарин
• 100 гр. чоколадо за готвење
• 200 гр. кокос
• 100 мл. млеко

Подготовка:
Сомелете 300 грама бисквити во блендер. Во друг сад загрејте го млекото и додајте го шеќерот, путерот и чоколадото за готвење. Откако ќе го тргнете тенџерето од оган, во топлата смеса додајте кокос и мелениот кекс.
Сè добро измешајте за да се соедини, па оставете 10 минути да се излади. Топчињата обликувајте ги и извалкајте ги во кокос.






