[ФОТО] Луѓето најдоа евтина дестинација за скијање на Балканот: „Ручек за 4-ца плативме 30 евра“

Точка

22/12/2025

16:00

1.374

Големина на фонт

а а а

Љубителите на планината и скијањето со нетрпение ја дочекаа зимската сезона, па и повеќе од очигледно е дека се подготвени да уживаат во нејзината магија.

Сепак, сѐ повисоките цени за зимување од година во година на многумина им отежнуваат да си дозволат одење на зимување. Поради тоа сѐ повеќе луѓе бараат поповолни опции.

Планинските центри како Копаоник и Златибор традиционално се прв избор за зимски одмор, но во последните години токму цените се она што на многумина им го расипува впечатокот.


Како една од најчесто спомнатите алтернативи, Бугарија сѐ повеќе се наметнува како идеално решение, а скијањето на Банско станало вистински хит меѓу туристите.

„Повторно избравме планина која е оддалечена на пет часа возење од Белград – Банско. Тоа е феноменална планина, со услови дури за професионално скијање. Патеките, сместувањето и услугата се одлични, а цените пристапни за сечиј џеб“, изјавила Милкица Илиќ од Белград.


Пристапни цени

Милкица минатата година престојувала во Банско со семејството и како што истакнува искуствата се исклучително позитивни. Особено ја нагласила разликата во цените во споредба со домашните планински центри.

„Кога ќе ги споредам цените на Златибор и Копаоник, во Банско тие се значајно пониски, а квалитетот на понуда е подобар. На самата патека четири кафиња плативме помалку од 10 евра, додека пак оброк за четворица чинеше околу 30 евра. Во хотелот плативме 30 евра за два хамбургери, два кроасани и два цедени портокали“.

Освен храната и пијалаците, посебен впечаток ѝ оставила и хотелската услуга.


„За секој гостин се грижат како да е единствен. Вие треба само да појдете, а сѐ останато е нивна грижа. Цените на сместување се движат од 20 евра од ноќ по лице, па до луксузни апартмани. Речиси секој хотел со три ѕвезди има и базен, спа, велнес-центар, простор за оставање на скиите и организиран превоз до гондолите“, истакнува таа.

Идеално и за почетници

Банско, според нејзините зборови, не е резервирано само за искусните скијачи.

„Во споредба со другите ски-центри, за ски-пас, Банско нуди значајно повеќе уредени и одлично одржани патеки. Погодно е за почетници, но и за оние поискусните“, заклучила Илиќ.