Ако ви се јаде нешто слатко, а немате ниту време ниту волја да поминувате часови во кујната, овој колач е вистинско решение. Подготовката трае само десет минути, се користат само четири состојки, а рерна воопшто нема да ви биде потребна.
Токму поради тоа овој кокосов колач стана вистински хит на интернет. Едноставен е, брз и неверојатно вкусен. Спојот на кремаст грчки јогурт, ароматичен кокос, мед и чоколада дава десерт кој се топи во устата и изгледа како да е од слаткарница.
Идеален е за ненадејни гости, брз викенд десерт или моменти кога сакате нешто слатко без чувство на вина.

Потребни состојки:
• 100 г кокосово брашно;
• 200 г чоколадо за готвење;
• 2 лажици мед;
• 400 г грчки јогурт.
Грчкиот јогурт е клучот на овој рецепт – дава густина, кремаста текстура и блага свежина која совршено ја балансира слаткоста на чоколадото и кокосот. Благодарение на него, колачот е полесен од класичните десерти, но ништо помалку вкусен.
Подготовка:
1. Калапот обложете го со хартија за печење.
2. Стопете ја половината од чоколадото и истурете го на дното на калапот, рамномерно распоредувајќи го.
3. Во посебна чинија измешајте го грчкиот јогурт, кокосот и медот додека не добиете изедначена смеса. Нанесете ја врз слојот чоколадо.
4. Преостанатото чоколадо повторно стопете го и прелејте го врз белата смеса.

5. Ставете го калапот во фрижидер неколку часа, а идеално е колачот да отстои преку ноќ за да се стегне убаво.
Мали трикови за совршен резултат:
• За уредно сечење, ножот кратко загрејте под млаз топла вода и избришете го пред секое сечење – така чоколадото нема да се ломи.
• Ако сакате побогат вкус, во филот можете да додадете малку рендана кора од лимон или неколку капки екстракт од рум.
• Чоколадото слободно прилагодете го на својот вкус: темното дава најдобар баланс на слаткоста, но млеко или бело чоколадо ќе го направат колачот уште понежен.
Колачот е највкусен кога се служи ладен. Може да стои во фрижидер до три дена, но искуството покажува дека ретко доживува следниот ден.
Уживајте!







