Шок во Холивуд по смртта на Рајнер и сопругата: „Беше еден од најголемите“

Точка

15/12/2025

08:24

456

Големина на фонт

а а а

Филмскиот свет се збогува со режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес во недела, 14 декември.

Голем број холивудски ѕвезди и колеги ја изразија својата тага на социјалните мрежи, оплакувајќи ја загубата на режисерот на филмови како што е „When Harry Met Sally“ и неговата сопруга.


Колегите и пријателите се збогуваат со Роб и неговата сопруга

Колегата режисер Пол Фејг објавил заедничка фотографија со Рајнер направена на „Comic-Con“. „Една од моите омилени фотографии. Роб беше мој вистински херој. Вистински визионерски титан и прекрасна, прекрасна личност. Никогаш не знаете дали е соодветно да објавувате за време на нешто толку трагично. Но, само сакам светот да знае она што толку многумина од нас во индустријата го знаеме. Роб беше најдобар“.

Актерот Џош Гад, кој соработувал со Рајнер на повеќе проекти, споделил емотивна порака на Инстаграм. „Тој беше еден од најголемите режисери на нашето време. Беше пријател. Беше едноставно прекрасна личност. Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа две од најљубезните, најгрижливи души што можете да ги замислите. Тој се грижеше толку многу за оние кои немаа глас. Не можам да опишам колку боли ова. Ве сакам, Роб и Мишел. Ви благодарам за сè што ни дадовте“.


Актерот Пол Волтер Хаузер се присетил на средбата со режисерот во долга објава. „Неколку добри луѓе се ПРИЧИНАТА поради која станав актер, а филмографијата на Роб зад камерата е ПРИЧИНАТА поради која сакав да режирам и сè уште сакам“, меѓудругото напишал тој.


Холивуд во солзи

Актерката Вирџинија Медсен ја споделила својата тага на Инстаграм: „Ужасни вести од Брентвуд. Бог нека биде со оние што ги сакаат. Ти благодарам, Роб, што нѝ даде толку многу радост за паметење. Животот и талентот секогаш на 11“.


Режисерот Џо Русо напишал на Твитер: „Не можам да ја поднесам вистината дека еден од најголемите режисери што некогаш живеелее замина. Го изгубивме едниот од ретките добри луѓе. Почивај во мир“, Роб Рајнер.

Елајџа Вуд напишал: Ужаснат сум од веста за смртта на Роб Рајнер и неговата прекрасна сопруга Мишел. Многу љубов до нивните деца и семејство.“ О’Ши Џексон Џуниор додал: „Почивајте во мир, Роб и Мишел Рајнер. Нереално“.

Композиторот Бер Мекрири му оддал почит на неговото дело: „Ужаснат сум и тажен од трагичната загуба на еден од најголемите режисери на кинематографијата. Не можам ни да почнам да ги набројувам филмовите што ги снимил овој човек, а кои влијаеле врз мене во текот на целиот мој живот. Сите ги знаеме. Легенда. Вистински гениј. Почивај во мир, Роб Рајнер.“

Пирс Морган напишал: „Ужасно. Каква ужасна семејна трагедија“. Актерката Трејси Томс заклучи: „Ова е повеќе од ужасно и тажно. Каква длабока загуба“.