[ВИДЕО] „Од првиот здив знаев дека ти си моето срце надвор од мене“: Тамара Тодевска со емотивна роденденска честитка за Дарен

Точка

12/12/2025

15:10

747

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тамара Тодевска денеска објави емотивна роденденска честитка по повод седмиот роденден на нејзиниот син Дарен.

На нејзиниот Инстаграм таа сподели искрени зборови, со видео кое ги прикажува нивните најубави заеднички моменти.

„Среќен 7-ми роденден, сине. Од првиот здив знаев дека ти си моето срце надвор од мене. Со тебе љубовта доби ново значење, а секој ден е полн со светлина. Биди среќен и здрав. Нека светот ти ги отвори сите врвови. Дарен, те сакаме бескрајно. Мама, Хана и Лука“, напиша Тодевска во честитката.


Краткото видео кое го објави, содржи моменти исполнети со топлина, насмевки, прегратки и семејни кадри што ја доловуваат блискоста и љубовта што владее во нивниот дом.

Објавата привлече големо внимание и бројни честитки од нејзините следбеници, кои му посакаа на семејството уште многу радосни и светли години.

„Среќен роденден мило мое детуле, да си здрав и среќен, да даваш голови и да редиш петки. Те сака кека до небото“, напиша во коментари и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.