Пејачот Владо Георгиев одржал концерт на 6 декември 2025 година во белградската Арена. Сепак, иако спектаклот требаше да започне во 21 часот, сè започнало многу подоцна.
Концертот доцнел еден час, а публиката ја забавувал долгогодишниот пријател на Георгиев и гостин на концертите – Игор Лазиќ Нигор, пишува српски „Информер“.
Незадоволните обожаватели кои дошле на концертот на Георгиев се огласиле преку Инстаграм, а било споделено и видео од местото на настанот. Една девојка се пожалила дека чекаат еден час и дека арената не е ни полна.
По повод концертот на пејачот Владо Георгиев, по бројните поплаки од незадоволни посетители, се огласило Здружението на потрошувачи „Ефектива“.
Sinoćni koncert @VladoGeorgiev je kasnio sa početkom sat vremena. Nekoliko slušalaca ovog popularnog pevača nas je pitalo, da li imaju pravo na pravično umanjenje cene, s obzirom na činjenicu da su neki od njih morali da napuste koncert po planu, odnosno izađu ranije, te nisu… pic.twitter.com/kAHvpMU3uo
— Udruženje potrošača EFEKTIVA (@UBKEFEKTIVA) December 7, 2025
Концертот во Белградската арена започнал со повеќе од еден час доцнење, што предизвикало незадоволство кај посетителите. Поради ова, некои од нив изразија сомневање дека пејачот, како што се случи и претходно, можеби бил под дејство на алкохол и заборавил да излезе на сцената.
Поради големиот број поплаки, Здружението „Ефектива“ истакнува дека незадоволните посетители имаат право на фер намалување на цената на билетот. Причината е што некои морале да го напуштат концертот порано и немале можност да ги слушнат сите нумери до крај.
„Синоќешниот концерт на Владо Георгиев започна со еден час задоцнување. Неколку посетители нè прашаа дали имаат право на намалување на цената на билетот, бидејќи не можеле да присуствуваат на целиот концерт. Наше мислење е дека за ова постои основа. Одговорноста лежи кај продавачот на билети, до кого корисниците можат да испратат писмено барање за враќање на дел од парите“, соопштиле од здружението.

Други корисници на социјалните мрежи се придружиле на жалбите, изразувајќи гнев поради истите проблеми.
„И неговата солза има 1,5 промили алкохол“, „Се опил“, „Ужас, непочитување кон публиката“, „Истото го направи и пред 10 години“ – ова се само дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.
Георгиев следниот концерт треба да го одржи на 13 декември.











