Миа Костова објави ретро фотографија со синот и го спореди изгледот тогаш и сега: „Млада мајка секогаш изгледа полошо од онаа што не вари брокули и бејби биф во 7:40 сабајле“

Точка

09/12/2025

14:00

4.813

Големина на фонт

а а а

Познатата водителка и инфлуенсерка Миа Костова на 41 година изгледа подобро од кога било. Таа внимава на исхраната и што внесува, бидејќи – како што признава – лесно се дебелее, а истовремено веќе подолг период активно вежба со личен тренер кој се грижи за нејзината фит линија.

Миа отворено зборува и дека користи ботокс, кој првпат го аплицирала уште на свои 30 години, а покрај тоа редовно го негува лицето со соодветна козметика.

На Инстаграм Стори таа објави ретро новогодишна фотографија со синот Андрија, кој денес има 13 години и веќе води грижа за својот здрав и фит изглед – нешто на што таа е особено горда.


„Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од моите 30, на 41. Ако е утеха, млада мајка секогаш изгледа полошо од онаа што не вари брокули и бејби биф во 7:40 сабајле, со турско кафе што ѝ претекло трипати“, напиша таа.


Костова често споделува постари фотографии со своите следбеници, преку кои покажува дека годините не значат ништо, а доказ за тоа е што денес изгледа многу подобро и посвежо отколку во помладите години.

На прашањето на колку години почнала да става ботокс, Миа вели – на 30, но нагласува дека ботокс се става кога има потреба од тоа, а не кога ќе наполните одредени години.


„Кога се појавуваат брчки без да правите мимики на лицето, тогаш е време за ботокс. Кој сака – кој не, да е жив и здрав!“, напиша таа во една прилика.