Верувале или не, Мерилин и Џо биле попопуларен љубовен пар од Викторија и Дејвид Бекам.
Тој бил спортска икона, а таа холивудска дива, а нивната приказна и денес е пример за фатална и неминлива љубов.
Најголемата американска актерка во историјата, неповторливата Мерилин Монро, била непреболена љубов на легендарниот бејзбол играч Џо Димаџо.
Димаџо бил американски идол, една од најсјајните фигури на спортскиот живот во „САД“. Бил миленик на нацијата и заземал посебно место во срцата на сите Американци.
Во бејзболот поставувал рекорди до кои никој никогаш не успеал ни да се приближи. За 13 години кариера освоил дури девет шампионски титули со „Јенкис“.
Одлучил да ја заврши кариерата во 1951 година, а веќе следната ја запознал љубовта на својот живот – големата Мерилин Монро.

Љубовната приказна
Актерката најпрво не сакала да се запознае со него. Имала предрасуди за спортистите, мислела дека е арогантен и прост. Сепак, на наговор на заеднички пријател прифатила, а набргу започнала најголемата американска љубовна приказна во историјата.
Парот се венчал 18 месеци по запознавањето во „Сан Франциско“, а настанот бил наречен свадба на векот. Прекрасната актерка од својот сакан добила платинест прстен со 35 брусени дијаманти.

Љубомора
Сепак, проблемите во бракот започнале уште на медениот месец, бидејќи славниот спортист бил патолошки љубоморен. Занесната Мерилин била на врвот на славата кога по венчавката заминале во „Јапонија“, а Џо не можел да се носи со нејзината ненормална популарност. Поводи за љубомора имало насекаде. Нејзините разголени фотографии ги краселе насловните страници на медиумите, а тешко го поднел и нејзиниот легендарен настап пред американските војници во „Кореја“.
Џо не можел да се воздржи, бил на раб на нервен слом и постојано се карале. Неговата страшна љубомора го уништувала нивниот брак.
По 274 дена заеднички живот, Мерилин решила да стави точка и побарала развод, бидејќи не можела да трпи психичко насилство. За болката да биде уште поголема, Џо за тоа дознал преку телевизија.

Во едно љубовно писмо што ѝ го испратил по нејзиното јавно појавување, опишал како се чувствувал во тој момент.
„Срцето ми се скрши кога те видов како плачеш пред сите тие луѓе. Те молам, размисли уште еднаш за сè и дај ни уште една шанса да го спасиме бракот.“
Ѝ испраќал куп писма, не можел да ја преболи, но Мерилин не попуштила.

Нервен слом
По уште еден пропаднат брак со Артур Милер, тајни врски со актерот Ив Монтан и четвртиот неуспешен обид да се оствари како мајка, Мерилин целосно се скршила. Нејзините „најблиски“ повикале психијатар кој проценил дека треба да биде сместена во психијатриска установа. Таму поминала низ пекол. Мислела дека тоа ќе биде одмор што ѝ бил неопходен и дека ќе може да излезе кога ќе посака, но сè се претворило во тридневен кошмар. Плачела и молела да ја пуштат, ѝ се заканувале со лудачка кошула, присилно ја капеле, ја затворале во соба … Го скршила прозорецот и се заканувала дека ќе се убие ако не ја пуштат, а тие ја прогласиле за тешко нарушена личност.
Кога ѝ било најтешко, се појавил Џо и ја спасил. Го повикала и тој „долетал“, веднаш ја извел и набргу заминале заедно на „Флорида“. Во 1962 година, пред нејзината смрт, кружеле гласини дека повторно ќе се венчаат. За жал, тоа не се случило … Мерилин извршила самоубиство во својата соба.

Тажен крај
Џо ја организирал и ги платил сите трошоци за нејзиниот погреб. На погребот присуствувале само членови на семејството и најблиските пријатели – Џо не сакал да дојдат луѓе од „Холивуд“. Дваесет години, трипати неделно, на нејзиниот гроб испраќал пупки од црвени ружи. Се вели дека тоа биле 18.000 долги црвени ружи.
Никогаш не кажал ниту еден лош збор за неа, ја сакал со целото свое битие до крајот на животот и никогаш повеќе не се оженил. Мерилин била неговата единствена и најголема љубов. Никогаш прежалена …
Џо Димаџо починал на 8 март 1999 година. Кога умирал, неговите последни зборови биле:
„Сега конечно ќе ја видам Мерилин.“













