Шкендија запиша голема победа во Конференциската лига и со вториот триумф се најде на чекор од следната фаза во третото по ранг европско натпреварување, успех за кој ќе се брка потврда наредната недела на гостување кај АЕК.
Шкендија запиша голема победа во Конференциската лига и со вториот триумф се најде на чекор од следната фаза во третото по ранг европско натпреварување, успех за кој ќе се брка потврда наредната недела на гостување кај АЕК.
Македонскиот првак вечерва го надигра тимот на Слован Братислава и оствари заслужена победа од 2:0, по која горд на своите фудбалери остана тренерот Јетон Беќири.
– Мислам дека имавме многу добар настап, направивме прцизна анализа на ривалот и играчите ги извршија своите задачи. Ние како технички персонал дадовме прецизни инструкции пред натпреварот, а направената анализа ни помогне да ги спроведеме идеите на дело.
– Задоволен сум од играта и прикажаното, но мислам дека можевме да бидеме уште поефикасни и да дадеме повеќе голови. Имавме чисти шанси кои не ги реализиравме, но таков е фудбалот. Не сме обезбедиле место во следната фаза, не чека уште еден натпревар и ќе зависиме од резултатите на останатите екипи.
– Верувам дека тимот ќе даде се од себе на мечот против АЕК. Бевме целосно фокусирани на Слован, но го разгледавме и тимот на АЕК, веќе гледавме неколку нивни натпревари. Мотивацијата кај играчите ќе биде клучна, веќе реков дека оваа Шкендија може да освои бодови против секој тим на ова ниво, но само ако сме на вистинско ниво, – изјави Беќири.







