Хулијан Алварез ја игра втората сезона во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид во кого неочекувано се пресели од Манчестер Сити.
Алварез имаше значајна улога во таборот на „граѓаните“, но сакаше нешто повеќе, проект во кој ќе биде главен и тоа го доби во таборот на Атлетико каде се обидува да му помогне да се натпреварува на највисоко ниво, да биде конкурентен на Барселона и Реал Мадрид во Шпанија, но и да проба да направи голем резултат во ЛШ.
Напаѓачот успешно се приспособи од еден на друг стил на фудбал, но тој објаснува дека има сличности меѓу Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.
- Постојат сличности меѓу нив двајца. Тие се очигледни – начинот на кој се натпреваруваат, победничкиот менталитет. Сите ги гледаме разликите во идеите, тие пристапуваат кон натпреварите и гледаат на фудбалот поинаку. Секој има свој стил, не знам дали е поради искуството или поради она што го чувствуваат и знаат, но нивниот менталитет е ист, - порача пајакот кој даде коментар и за интересот во Барселона.
- Видете, тоа не ме смета. Се обидувам да не обрнувам внимание, но знам што се зборува. Мислам дека стана поважно што се пишува на социјалните мрежи отколку што всушност се случува. Многу сум фокусиран на работите што ме чекаат со Атлетико Мадрид. Се обидувам да ги игнорирам гласините, да се исклучам и да размислувам за себе, како да продолжам да растам како играч и да победувам“, заклучи Хулијан Алварез.







