Слот: Ќе разговарам со Салах…

Дерби

12/12/2025

13:27

189

Големина на фонт

а а а

Ливерпул утре го очекува дуел со Брајтон во Премиер лигата, но сосема очекува во центарот на вниманието одново беше ситуацијата со Мохамед Салах.

Салах имаше експлозивно обраќање по дуелот со Лидс по што беше изоставен за соочувањето со Интер во Лигата на шампионите и многумина помислија дека автоматски тоа ќе се случи и за натпреварот со Брајтон, но менаџерот Арне Слот не отфрли ниту едно сценарио.

- Ќе разговарам со Мо малку подоцна. Исходот од тој разговор ќе одреди како утре ќе изгледаат работите.

- Она што ми треба е разговор со него. Мислам дека следниот пат кога ќе зборувам за него, треба да биде со него, а не тука со тебе. Можете да се обидувате, но нема многу што можам да ти кажам додека не разговарам со него. Повторно, исходот од тој разговор ќе биде одлучувачки за тоа како сè ќе изгледа утре, - истакна Слот кој беше притискан од новинарите на оваа тема.

- Можеш да пробаш различни начини, но веќе ти кажав – следниот пат кога ќе зборувам за него, тоа ќе биде со него. Во текот на изминатата недела, од натпреварот со Сандерленд, имаше многу разговори меѓу неговите претставници и нашите претставници, нашите претставници и него, меѓу него и мене и ќе разговараме повторно денес, - дополни Холанѓанецот и на крајот излезе со јасен заклучок.

- Немам причина зошто не би сакал Салах да остане во нашиот клуб. Со него во тимот освоивме многу победи. Што се однесува до одлуката да не патува во Милано, тоа беше одлука што ја донесовме како клуб. Секогаш сум во контакт со спортскиот директор Ричард Хјуз и извршниот директор Мајкл Едвардс, но кога станува збор за тоа кој е во тимот, тоа секогаш е моја одлука. Тоа не значи дека не разговараме, туку едноставно е моја одлука кога станува збор за тоа кој е во тимот, а кој не, - порача стратегот.