Мареска: Играме на секои два дена, но мораме да бидеме подобри

Дерби

10/12/2025

13:16

102

Големина на фонт

а а а

Челси влезе во серија на лоши резултати, а последниот беше против Аталанта каде загуби со 2-1 во соочувањето од шестото коло во Лигата на шампионите.

„Сините“ го добија првиот дел благодарение на Жоао Педро, но паднаа во вторите 45 минути и дозволија домаќините преку Скамака и Де Кетеларе да остварат значаен триумф со кој се на третото место на табелата.

- Во првото полувреме ја контролиравме играта. По голот што го примивме, првиот, малку ја изгубивме контролата врз играта. Играме секој втор ден и веројатно изгледа дека малку се мачиме. Сакаме да победиме што е можно поскоро. Се обидовме да бидеме агресивни, а кога примивме гол за 1-1, динамиката на играта малку се промени, - истакна тренерот Енцо Мареска.

Лондонскиот состав веќе четири средби е без победа, последната беша над Барселона на 25 ноември (3-0).

Секогаш сум загрижен. Два бода во четири натпревари не е она што го очекуваме и мора да бидеме подобри. Бевме исто толку агресивни како и тие. Имавме неколку шанси да поведеме со 2-0, а кога примивме гол за 1-1, динамиката на играта малку се промени, -порача Италијанецот.