[ФОТО] Откриено како започнало сѐ: Новата љубов на Кејти Пери е изненадување на годината, а зад неа стои упорноста на политичарот

Точка

10/12/2025

08:35

1.084

Големина на фонт

а а а

Откако првпат биле забележани на романтична вечера во Монтреал, фановите почнале да се чудат на овој спој. Како што вели извор близок до парот, Кејти Пери воопшто немала намера да најде момче, но...

Поп ѕвездата повеќе не крие дека е среќно заљубена, а по раскинувањето на долгогодишната љубов со актерот Орландо Блум, ужива во врската со некогашниот премиер на Канада, Џастин Трудо.


Музичката ѕвезда неодамна на Инстаграм споделила фотографија со новото момче, со кое уживала во посетата на Јапонија, а политичарот бил забележан и на нејзините концерти.

Иако потврдиле дека се заедно, Кејти Пери и Џастин Трудо не споделуваат детали од својата врска, но извор близок до парот за „People“ открил како започнало сѐ. Наводно пејачката немала намера да влезе во врска со Трудо, но тој бил упорен.

„Тој одново и одново покажуваше дека сака да ја види. Леташе по цел свет за да го помине времето со неа додека беше на турнеја. Таа ужива да биде со него“, вели изворот.

Единствената причина што дошло до врска, како што вели изворот, била упорноста на политичарот којшто моментално се разведува од сопругата Софи Грегоар. Во тој момент Кејти не сакала ново момче.


Трудо не може да верува дека некој толку гламурозен е заинтересиран за него

Меѓутоа, не е познато како точно се запознале, но едно е сигурно, пејачката блеска покрај Трудо. Парот почнал да се гледа на почеток на летото, а извор близок до парот неодамна за „The Sun“ изјавил дека 53-годишниот Трудо и 40-годишната Пери постојано се допишуваат и разговараат по пат на видео-повици.

„Тој е „бубалица“ и не може да поверува дека некој толку познат и гламурозен како Пери е заинтересиран за него, додека таа е поласкана што толку почитуван политичар сака да се гледа со неа“, вели изворот.


Изворот додал дека љубовта на парот започнала во текот на летото и дека тогаш биле во тајна врска.

„Сѐ уште не можат да поминат многу време заедно затоа што таа е на турнеја, но константно се во контакт“.