Состојка за сарма од рецепт стар 70 години ги скара Балканците: Многумина се згрозени од самата помисла на ова во јадењето

Точка

09/12/2025

17:06

956

Големина на фонт

а а а

Рецептите за „најдобра“ сарма се пренесуваат од колено на колено, домаќинките често имаат свои трикови и тајни состојки кои на јадењето му даваат посебен шмек, но една состојка секогаш предизвикува расправија — јајце.

Дали треба да се додаде јајце во филот или не? Додека едни тврдат дека јајцето е важна состојка затоа што ја врзува смесата и дава потполност на вкусот, други сметаат дека нему тука никако не му е место. Таа расправија околу јајцето во сармата трае со години, на целиот Балкан.

Кога станува збор за сармата и спорното јајце, „radiosarajevo.ba“ пишува дека се додавало во смесата и пред 70 години. На прашањето за што служи тоа јајце, одговараат дека токму таа состојка гарантира сочна и компактна смеса која нема да се распадне по долго готвење.


Во тој контекст го наведуваат и стариот рецепт од југословенскиот готварски прирачник кој повторно станува хит – многумина тврдат дека токму според него сармата секогаш излегува совршена и дека, кога ќе го пробате, секогаш ќе се враќате на него. Еве го…

Состојки:

• 600 г мелено месо;

• 20 поголеми листови кисела зелка;

• 100 г црвен кромид;

• 2 чешниња бел лук;

• малку лута пиперка;

• магдонос;

• 1 јајце;

• 200 г ориз;

• сол по вкус;

• 300 г ситно сечкана кисела зелка;

• 100 г суво месо.


За запршка:

• 100 г маст;

• 200 г брашно;

• сол;

• прстофат шеќер;

• 1–2 лути пиперчиња;

• околу 200 г сос од домати.

Подготовка:

1. Одделете ги листовите на зелката и отстранете го коренот од секој лист.

2. Подгответе ја смесата така што во меленото месо ќе додадете ситно исечкан црвен и бел лук, магдонос, пиперка, сол, јајце и варен, исцеден ориз. Добро измешајте.

3. Распоредете ја смесата врз листовите зелка и завиткајте сарми.

4. На дното на широк сад ставете малку ситно сечкана кисела зелка, потоа наредете ги сармите и меѓу нив ставете суво месо.


5. Прекријте со остатокот од зелката, прелијте со вода или супа, поклопете и оставете да се крчка на тивко.

6. Кога сармите ќе бидат наполовина сварени, додадете ја запршката и продолжете со тивко готвење неколку часа, додека сè целосно не омекне и вкусовите се соединиат.

За запршка:

• Пржете го брашното, додајте црвена пиперка, сос од домати (по потреба разреден), луто пиперче и малку супа од садот. Посолете и благо засладете за да ја балансирате киселоста на доматот.

• Со овој сос прелете ги сармите и продолжете со готвење.

Совет:


Овој стар рецепт нагласува дека сармата мора да крчка бавно, на тивка температура, со часови. Токму тоа ѝ дава мекост и мирис кој буди носталгија.


Дали би го пробале овој необичен рецепт?