Рускиот нобеловец го открил „најздравиот појадок на светот“: Три состојки кои го јакнат имунитетот, подмладуваат и го продолжуваат животот

Точка

10/12/2025

11:17

686

Големина на фонт

а а а

Илија Мечников, популарниот руски биолог и добитник на Нобелова награда од 1908 година, верувал дека тајната на долговечноста се крие во цревата и дека еден едноставен појадок од само три состојки може да го забави стареењето и да го зајакне имунитетот.

Неговото големо истражување го носи рецептот којшто и денес нутриционистите го сметаат за исклучително вреден.

Илија не бил само научник туку и визионер. Како руски зоолог, микробиолог и имунолог, во 1908 година добил Нобелова награда благодарение на откритијата кои ги поставиле темелите на модерната имунологија. Но, малку од луѓето знаат дека Мечников имал лична опсесија – наоѓање на начини да се продолжи човековиот живот и процесот на стареење да се забави.


Стареењето почнува во цревата – теоријата на Мечников за долговечност

Верувал дека токсините кои создаваат одредени бактерии во цревата го забрзуваат пропаѓањето на организмот. Затоа детално ги проучувал микробиомите и барал начин тие да се доведат до идеална состојба за телото да функционира како часовник.

Во своите истражувања кои опфаќале испитувања на луѓе од различни делови на Европа, дошол до заклучок дека народите со најдолг животен век имаат една заедничка навика, одреден вид појадок којшто комбинира ферментирани и лесно сварливи намирници.

1. Ферментиран млечен напиток (јогурт или кефир)

Мечников сметал дека кефирот е најмоќен сојузник на човековиот живот. Верувал дека добрите бактерии ги уништуваат штетните процеси во цревата и ја јакнат отпорноста во организмот.

2. Интегрална или овесна каша

Овесот го нарекувал „гориво на долговечноста“ затоа што го стабилизира шеќерот во крвта, дава енергија и ги храни добрите бактерии. Денес знаеме дека бета-глуканите навистина го јакнат имунитетот.

3. Свежо овошје – особено јаболко и бобинки

Мечников овошјето го сметал за клучен извор на растителни влакна и антиоксиданти, неопходни за правилна функција на имуниот систем и чистење на организмот.


Зошто оваа комбинација е толку важна?

Според неговиот модел:

- Ферментираната храна носи добри бактерии;
- Кашата им дава „храна“;
- Овошјето обезбедува антиоксиданти и растителни влакна кои помагаат во нивно размножување.

Со други зборови, појадокот делува како „ресетирање“ на системот на цревата, што според Мечников е клучот на побавно стареење и моќен имунитет.