Партизан останува без посакуваното НБА засилување

Дерби

09/12/2025

13:08

296

Големина на фонт

а а а

Партизан се обидува да сврти нов лист по заминувањето на Жељко Обрадовиќ и ако се суди по двата први натпревари екипата реагираше и забележа победи над Баерн Минхен во Евролигата и Клуж во АБА лигата.

Атмосферата и понатаму е далеку од идеална, но клубот мора да функционира и да се фокусира на предизвиците во различните конкуренции. Во изнинативе денови се појавија информација дека „црно-белите“ се обидуваат да активираат една НБА „бомба“ и во своите редови да го донесат „снајперистот“ Малик Бизли.

Бизли има одиграно над 600 натпревари во НБА за Денвер, Лејкерс, Милвоки, Јута, Детроит, Минесота, но во моментов е слободен агент.

Се споменуваше „солена“ сума на пари, меѓутоа по се изгледа ништо нема од трансферот иако дефинитивно било разговарано на оваа тема.

-Таа вест е преувеличена. Разговаравме и постои некаква рамка, но во овој момент не сме ни блиску до затворање или реализација, - порачал агентот Брајан Џангрејс.

И самиот Бизли порачал дека не доаѓа во Србија.

-Не доаѓам во Србија-