[ФОТО] Каролина Гочева со емотивна објава ги врати колегите во детските мечти: „Фала за ова парче спомен, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“

Точка

09/12/2025

11:25

1.138

Големина на фонт

а а а

Каролина Гочева со причина е една од најпопуларните ѕвезди на македонската музичка сцена, таа може да се пофали со плодната кариера која датира од кога била многу малечка.

Уште како малечки сонуваме за нашите неостварени желби, сонуваме да бидеме она што сме си го замислиле, а мечтите на Гочева очигледно дека почнале да се исполнуваат во рана возраст.

Таа својата музичка кариера ја започнала во 1991 година со настап на локално детско шоу, па потоа продолжила да учествува на разни места, добивајќи признанија за својот талент.

Во 1992 година го издала својот прв детски албум насловен „Мамо, пушти ме“, а во 2000 година потпишува договор со издавачката куќа „Авалон“.

Гочева често споделува дел од своите настапи на социјалните мрежи, а овојпат ги израдувала и изнудила носталгични емоции со една поинаква објава.

Таа објавила фотографија од нејзината прва насловна страница на неполни 13 години, во тогашниот популарен естраден магазин „Екран“.

Под објавата, Гочева напиша:

„Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на Екран.

За оние кои не знаат, тогаш Екран беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас.

Синоќа кога ми ја испратија сликава во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна.

Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав.

Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа, (како и во сечиј живот).

Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка - тремата.

Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени “blast from the past” моменти.

Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“.


На фотографијата освен многубројни допаѓања доби и коментари од своите колеги музичари, па така Тамара Тодевска напиша: „Аиии, од толкава те знам“, Дани Димитровска: „А јас дури и се сеќавам на оваа насловна, на свои тогаш 14 години. Фала за ова парче спомен, ми врати чувства од минати копнежи, соништа и детски мечти“, Елена Ристеска: „Детенце со коси очиња“...