[ФОТО] Долгоочекуваната супер-Toyota пристигна: Има 650 коњски сили и развива над 320 km/h

Точка

05/12/2025

20:30

314

Големина на фонт

а а а

"GR GT" чекори по патот на легендарните модели "Toyota 2000GT" и "Lexus LFA". Иако името не е најкреативно, станува збор за најнапредниот и најбрз модел што ја носел ознаката на "Toyota". По долги години исчекување, се чини дека вредеше да се почека.

"Toyota Gazoo Racing" одамна е позната по врвните спортски изведби на своите модели, а сега има нов суперспортски автомобил на самиот врв на понудата, претставен во две изданија.

"Toyota GR GT" е уличен суперспортски автомобил, додека неговата тркачка варијанта ја носи ознаката "GR GT3". И двата модели се развиваат како одговор на конкуренцијата како "Mercedes-AMG GT", но и како основа за "GT3" натпревари.


Нова алуминиумска основа

Автомобилот е изграден на специјално развиена алуминиумска платформа, а каросеријата користи делови од пластика зајакната со карбонски влакна. "Toyota" истакнува дека развојот сè уште трае, па затоа дел од спецификациите може да претрпат измени.

"GR GT" ќе тежи 1.750 килограми или помалку, со распределба на маса 45:55 во корист на задната оска. Долг е 4.820 милиметри, широк 2.000 милиметри, висок 1.195 милиметри, а меѓуоскиното растојание изнесува 2.725 милиметри.


Хибриден погон

Сите претходни информации се покажаа точни. "GR GT" добива сосема нов 4,0-литарски битурбо V8 мотор со тркачка конфигурација на турбината и сув картер. Менувачот е осумстепен автоматски (transaxle), поставен назад и развиен специјално за овој модел. Силата се пренесува исклучиво на задните тркала.

"Toyota" наведува дека автомобилот ќе развива најмалку 650 коњск сили и најмалку 850 Nm вртежен момент, а бидејќи V8 моторот е дополнително поддржан со електромотор, очекуваат извонреден одзив и исклучителни перформанси.

Иако "Toyota" сè уште нема објавено податоци за забрзувањето, се најавува максимална брзина од 320 km/h или повеќе.


Дизајн подреден на брзината

"GR GT" има исклучително низок профил, долг поклопец на моторот и агресивен преден дизајн. Визуелно е порадикален од голем дел конкуренти, што не изненадува со оглед на неговите тркачки корени. Дизајнерите креираа аеродинамична форма во рамки на техничките ограничувања поставени од инженерите, а дури потоа се „играле“ со дизајнот.

Опремен е со 20-инчни тркала, гуми "Michelin Pilot Sport Cup 2" димензии 265/35 напред и 325/30 назад, и карбон-керамички кочници на двете оски. Суспензијата користи двојни попречни носачи на сите тркала.


Тркачки ентериер

Кабината на "GR GT" е сосема различна од сè што "Toyota" моментално нуди. Обложена е со црвена кожа и алкантара, и вклучува дигитална инструментабла со специјализирана графика, управувач со GR ознак и голем централен инфотејнмент екран. Естетски можеби не е на нивото на кабината на "Lexus LC500", но изгледа функционално и ориентирано кон возачот.

"Toyota" додава дека и "GR GT" и "GR GT3" сè уште се во фаза на развој, па можно е поединечни детали да се променат. Цените не се објавени, а првите испораки се очекуваат во 2027 година.