Што се случува кога автомобил од видеоигра ќе го направите во реалниот свет? Одговорот на тоа прашање го добивме од прва рака во Шпанија.
На саемот „MWC“ во Барселона, а една од поинтересните атракции беше „Xiaomi Vision Gran Turismo“ – автомобил што „Xiaomi“ го создаде за видеоиграта „Gran Turismo 7“.
Станува збор за електричен концепт хиперавтомобил со каросерија во форма на солза, обликувана со аеродинамични канали.
Карактеристичното кружно задно светло истовремено служи како визуелен симбол и како голем отвор за воздух, а присутен е и системот „Active Wake Control“.
Автомобилот постигнува коефициент на отпор на воздух од 0,29, со што „Xiaomi“ успеал да постигне баланс меѓу брзината и стабилноста.

Внатрешноста го носи концептот „Sofa Racer“, каде што инструмент-таблата, вратите и седиштата се спојуваат во единствена кабина.
Паметните функции, вклучувајќи го „Xiaomi Pulse“, комуницираат со возачот преку светло и звук, додека автомобилот е целосно интегриран во екосистемот „Human x Car x Home“.
По успехот и рекордите што ги постигна „Xiaomi SU7 Ultra“ и во „Gran Turismo 7“, „Vision Gran Turismo“ претставува нов чекор во соработката меѓу двата бренда.










