Организаторите на ЗОИ ги користат славните личности за промоција, ангажираа и атрактивна фудбалерка

Точка

05/12/2025

14:36

479

Големина на фонт

а а а

Најследената фудбалерка во светот ќе го носи факелот кој пристигнува во Рим, а потоа продолжува кон север.

Иако е од Швајцарија – Алпите покриваат 60 проценти од територијата на земјата – и иако живее таму, практично во соседството на Милано, Алиша Леман нема голема врска со зимските спортови. Освен што, ако сака, може да ужива на снег и мраз.


Торино го замени со модниот Комо

По само една сезона во таборот на „старата дама“, иако имаше договор до 2027 година, Леман потпиша за Комо, исто така на три години. Досега постигна само еден гол – на подготовките, со кој беше совладан Интер со 1:0.

Во клупската кариера Леман има одиграно 245 натпревари и постигнато 77 голови.

Организаторите на ЗОИ 2026 ја повикаа напаѓачката на Комо да го понесе олимпискиот факел, бидејќи со тоа, секако, дополнително ќе се промовира најголемиот спортски настан во првата половина од следната година (6 – 22 февруари).


Ужива во "сингл" животот

Алиша Леман ужива во "сингл" живот откако пролетва раскина со Даглас Луиз, со кого ги делеше и клупските ангажмани во Астон Вила и Јувентус. Во летото 2024 двајцата заедно го заменија Бирмингем со Торино. Пред врската со бразилскиот играч за врска, со кого повеќепати се разделуваше и се смируваше, Леман беше во врска со својата соиграчка од репрезентацијата, Рамона Бахман.

За многумина најубава, а секако најследена фудбалерка на светот, со 16,1 милиони следбеници на „Instagram“, Леман ќе биде едно од заштитните лица на Игрите чии домаќини се Милано и прочуениот ски-центар Кортина д’Ампецо, оддалечени повеќе од 400 километри.

Официјалната страница на организаторите на ЗОИ објави фотографија од 26-годишната швајцарска репрезентативка со зборовите: „Јас го носам пламенот“.

„Напаѓачката што ќе го води патот. Алиша Леман е официјален носител на факелот за Милано и Кортина“, стои во продолжение на објавата на „Instagram“.


И Мелиса – ѕвезда на Игрите

Крајната цел на олимписката факел е стадионот „Сан Сиро“, каде што ќе се одржи свеченото отворање на ЗОИ. Покрај Алиша Леман, пламенот ќе го носат и одбојкарот Симоне Џианели, водителот Алесандро Кателан, каратистот Луиџи Буза, поранешниот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ, тенисерката Јасмин Паолини, велосипедистот Филипо Гана, ТВ-ѕвездата Мелиса Сата …

Засега не е познато на кој дел од рутата поранешната фудбалерка на Јувентус ќе го носи факелот што тргна од древната Олимпија на 26 ноември. Во Италија пристигнува најпрво во главниот град Рим, за потоа да ја премине земјата пред да стигне во Милано на 4 февруари.