Кејн е хит меѓу фудбалските фанови со потег кој за малку ќе резултираше со гол за Баварците

Дерби

22/10/2026

14:48

329

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн вчера постигна гол од пенал, a се истакна и со одлична асистенција кон Дејвис, ефект кој на крајот сепак не беше доволен за победа на Баерн Минхен над Арсенал.

Дербито заврши со резултат 2:2, а еден момент од дуелот на „Алијанц“ посебно го привлече вниманието на фудбалските фанови, кои не се навикнати да го гледаат англискиот напаѓач во таква улога.

Кејн реши набрзина да ја уфрли топката од гол аут, испраќајќи одлично додавање до Дејвис, а акцијата за малку ќе завршеше атрактивно и со гол на Гнабри, но Раја со одлична одбрана не дозволи погодок на Баварците.

Вредните статистичари на ОПТА излегоа со податок дека ова не е првпат Кејн да изведе ваков удар, бидејќи тоа го направил во далечната 2014 година, кога ја презема улогата на голман во редовите на Тотенхем по црвениот картон кој го заработи Иго Лорис на дуелот со Астерас во Лига Европа