Марсело со порака за Винисиус: Треба да работи и молчи

Дерби

05/12/2025

12:59

117

Големина на фонт

а а а

Подкаст разговорот на Икер Касилјас со Марсело донесе интересна содржина за медиумите, кои очекувано ги издвојуваат најинтересните изјави на Бразилецот, кој останува запаметен како клупска легенда на Реал Мадрид.

Марсело зборувал и за помладиот сонародник Винисиус, кој дојде во клубот на 18-годишна возраст и му беше еден од најмладите колеги на бекот.

Винисиус често го привлекува вниманието на јавноста со своето однесување на теренот, а сезонава ги налути фановите и поради односот со тренерот Чаби Алонсо, од кого наводно е незадоволен.

– Кога дојде во клубот имаше само 18 години, многу проблеми и работи за подобрување.

– Неговата интелигенција, додавања и потези се неспорни, а за она што се случува надвор од теренот не треба ние другите да коментираме.

– Сепак, би му порачал да молчи, да тренира, да игра ангажирано и да постигнува голови, кои ќе зборуваат самите за него.

– Кога си дел од Реал Мадрид секогаш си под посебен мониторинг на јавноста и тоа е нешто што сите сме го поминале, – рекол Марсело.