Меси: Луѓето се опседнати со статистика, а мене никогаш не ми била важна

Дерби

05/12/2025

12:57

88

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се подготвува за финалето со Ванкувер и натпреварот кој може да му го донесе најважниот трофеј досега во дресот на Интер Мајами, а како најава за овој дуел реализирал интервју со „ЕСПН“.

Во него Аргентинецот зборува на повеќе теми, а испратил и важна порака во однос на својот став за статистиката и бројките, кои често се пренагласени во фудбалот и спортот воопшто.

– Луѓето денеска многу се фокусираат на статистиката, а јас лично не ја сакам многу.

– Не мислам дека морам да направам асистенција или да постигнам гол за да поставам рекорд или да го надминам овој или оној фудбалер, рече тој. Јас ја живеам играта и уживам во неа. Сакам да имам одлучувачки ефект и да бидам активен вклучен во играта. Но, не играм за тоа и никогаш не сум му давал никаква важност.

– Работите се случија како природен резултат, не затоа што мислев дека морам да направам асистенција или да постигнам гол за да поставам рекорд. Тие едноставно се случија затоа што мораа да се случат, – рекол Меси, кој се надоврзал на ова прашање и со одговорот на тоа која сезона ја смета за најуспешна.

– Тешко е да се одлучам, зависи од кој аспект гледате. Сум стигнувал до трофеи со репрезентацијата, со Барселона, во 2012 година постигнав 91 гол, но не играв поради тоа, никогаш не се оптоварував со тоа. Во главата не ми се вртеше тоа да надминам некого или да постигнам нов рекорд, – рекол Меси.