Маскерано пред МЛС финалето: Немам добри спомени од соочувањата со Милер

Дерби

05/12/2025

12:55

209

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами ќе го пречека Ванкувер во натпреварот кој ќе одлучи која екипа ќе биде нов шампион во МЛС, а тоа ќе значи и повторно соочување на играчи како Меси, Бускетс, Алба и Суарез со Томас Милер, кој им беше ривал и на европско тло.

Американските фанови со нетрпение го очекуваат финалето закажано за 6. декември, а тренерот на составот од Флорида, Хавиер Маскерано, се надева дека нема да му се повтори негативното искуство од соочувањата со Милер како репрезентативец на Германија.

Германците два пати ја победија Аргентина во нокаут фазата на светските првенства кога Маскерано и Милер настапуваа за своите национални тимови, а последен пат тоа се случи во финалето на СП во 2014 година.

– Немам добри спомени од соочувањата со Милер, – со насмевка на лицето рекол аргентинскиот стручњак.

– Тој е фудбалер против кого можев да играм многу често, со клубовите или репрезентацијата, се работи за играч кој освои многу трофеи, вклучувајќи го и светското првенство. Тој носи сериозен престиж не само за Ванкувер, туку и за МЛС, но се надевам дека утре ние ќе имаме повеќе среќа, – рекол Маскерано.