[ФОТО] На оваа планина огнот гори години наназад без прекин: Дождот, снегот ниту ветровите не му можат ништо

Точка

02/12/2025

12:15

1.456

Големина на фонт

а а а

Оваа планина гори илјада години наназад и тоа без престанување, без оглед на дождот, снегот и јаките ветрови. Станува збор за планината Јанар Даг во Азербејџан.

Причината зошто огнот на оваа планина никогаш не згаснува е метанот којшто се наоѓа под земја и којшто овозможува дека огнот гори и по дожд и по снег. Токму поради овој феномен, Азербејџан ја нарекуваат и огнена земја.


„Овој пожар гори 4.000 години и никогаш не престанува“, вели Алиева Рахила, па додала: „Дури ни поради дождот, снегот, ветрот – никогаш не престанува да гори“.

Високите пламени достигнуваат над 10 метри.

Јанар Даг е еден од неколкуте спонтано настанати пожари кои ги фасцинирале и плашеле патниците во Азербејџан во текот на децениите.

Венецијанскиот истражувач Марко Поло пишувал за мистериозните појави кога поминал низ земјата во 13 век, а поради тоа Азербејџан го добил прекарот „огнена земја“.


Легендата за настанување

Постојат неколку легенди кои се поврзуваат за оваа планина, а најстарата од нив вели дека на таа планина во минатото оделе најболните луѓе да умрат.

Кога ќе починеле, нивните тела биле палени во планината, така што овој оган всушност симболизира вечен пламен на старите души. Затоа здравите луѓе претходно не сакале да се качуваат на оваа планина.


Постојат мноштво други локални легенди за настанување на огнениот ѕид. Една приказна вели дека пастир случајно запалил оган со фрлање на отпушок од цигара, додека друга легенда вели дека огнот го запалиле „интелигентните“ волци кои исто така зад себе оставиле и натписи извајани во брдото.