Најпродавани авто-брендови во Европа

Точка

02/12/2025

07:58

771

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen“ убедливо го држи првото место со 1.017.781 продаден автомобил во првите десет месеци од годинава.

Според извештајот на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA), регистрациите на нови автомобили во ЕУ во првите десет месеци покажуваат годишен раст од 1,4 проценти. Продадени се 8.974.026 автомобили, додека во истиот период во 2024 година биле продадени 8.853.301.

Вкупно во Европа — сметајќи ги земјите од ЕУ, ЕФТА и Велика Британија — продадени се 11.020.514 автомобили. Во истиот период (јануари – октомври) 2024 година бројката изнесувала 10.818.539.


Во проценти, тоа претставува зголемување на пазарот од 1,9 проценти.

Кога станува збор за брендовите, „Volkswagen“ е убедливо прв со 1.017.781 продаден автомобил во првите десет месеци од годинава. Во истиот период во 2024 – 966.942 возила, што претставува раст од 5,3 проценти.


„Toyota“ е втора со 616.104 автомобили, што е пад од 6,3 проценти на годишно ниво (657.460). „Škoda“ е трета со 601.963 продадени автомобили (минатата година 544.339) и раст на продажбата од 10,6 проценти.

Потоа следуваат: „Renault“ со 545.923 возила (+7,2%), „BMW“ со 531.047 (+4,2%) и „Peugeot“ со 469.322 (-2,0%).


На седмото место е „Dacia“ со 465.879 продадени автомобили (+5,9%), осми е „Mercedes“ со 460.666 (+2,0%), деветти е „Audi“ со 428.839 испорачани возила (-1,2%), а топ-10 листата ја заокружува „Hyundai“ со 349.790 продадени автомобили (-2,2%), пренесува „b92“.