[ФОТО] Земјата која може да се обиколи пешки – нема своја валута ниту војска, а шумите и планините заземаат 90% од територијата

Точка

28/11/2025

10:15

1.164

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте размислувале да ја посетите Андора? Откако ќе прочитате неколку интересни факти за оваа планинска земја, можеби ќе се најде на листата на ваши желби.

Андора е една од најмалите држави на светот, но е една од најстарите со богата историја.

Покрива површина од 468 километри квадратни, од кои само 0,26 отсто се вода. Целата држава може да се истражи пешки, што ја прави омилена меѓу планинарите од целиот свет. Она што е уште подобро е тоа што оваа држава е сместена во Европа.


Над 90 отсто планини и шуми, голем дел под заштита на УНЕСКО

Она по што Андора е најпозната секако е нејзината неверојатна природа и магичните Пиринеи во кои се наоѓа. Над 90 отсто од земјата се планини, шуми и ливади, а само четири отсто од територијата е изградено.

Населението вообичаено се наоѓа во долините и под еден од 65 планински врвови повисоки од 2.000 метри. Земјата исто така може да се пофали дека околу 10 отсто од нејзината територија е под УНЕСКО, а исто така има и голем број музеи, што ја сместува на второто место по број на музеи после Ватикан.

Покрај планинарењето, позната е и како дестинација за скијање затоа што има дури 300 километри уредени патеки. Просечната надморска висина на земјата е 1.997 метри, а највисоката точка е Кома Педроса на 2.946 метри. Меѓу планините постојат три тесни долини, а една од нив ја содржи најниската точка во Андора на 870 метри.


Историска поврзаност со Франција и Шпанија

Главниот град на оваа мала, но моќна земја се вика Андора Ла Веља. Се наоѓа на 1.013 метри надморска височина, што го прави највисока престолнина во Европа.

Животот и политичкиот систем на Андора исто така се необични. Државата се наоѓа меѓу Шпанија и Франција и нема своја војска, но за нејзина одбрана се одговорни француската и шпанската војска. Андора е парламентарно кнежевство чии принцови се припадник на Франција и бискупот Ургел од Шпанија. Демократски избраниот премиер ја води Владата која има извршна власт.

Оваа необична ситуација довела до тоа скоро секој од околу 80-те илјади жители да говори по три јазици. Официјален јазик во земјата е каталонски, но поголем дел од луѓето течно говорат и шпански и француски.

Исто така тие никогаш немале своја валута туку го користеле француската и шпанската валута, а денес е тука и еврото.


Најдолговечните луѓе

Жителите на Андора се меѓи најдолговечните луѓе на светот. Тие го зазеле петтото место на таа позиција, а најчести причини за тоа се наведуваат квалитетот на воздухот, храната и вежбањето.

Денес најважниот сектор е туризмот, а таму луѓето се занимаваат и со сточарство, додека пак земјата е позната и како даночен рај поради што банкарскиот сектор цвета.