Во идеални услови човекот сите нутритивни потреби би ги задоволил со исхраната, без потреба за користење дополнителни додатоци во исхраната.
Меѓутоа, поголем дел од луѓето сепак не внесуваат доволно клучни нутриенти низ храната, па суплементите помагаат во пополнување на тие празнини.
Некои додатоци се поврзани со помал ризик од одредени болести, а едно истражување покажало дека консумирањето витамин Д може да го намали ризикот од деменција за речиси 40 отсто.

Сепак, кардиолозите предупредуваат дека еден популарен додаток во исхраната, за којшто многумина веруваат дека го штити срцето може да биде штетен.
Имено, доколку рибиното масло се консумира за кардиоваскуларно здравје тоа би можело да биде погрешно.
„Никогаш не постоело клиничко истражување кое докажува корист од користењето на рибиното масло без препорака. Всушност, некои податоци покажуваат дека тие додатоци можат да бидат штетни“, вели кардиологот д-р Џереми Полок за „Parade“.
Иако консумирањето на рибата се поврзува со помал ризик од срцеви болести, д-р Полок објаснува дека поголем дел од додатоците во рибиното масло се состојат од заситени масти кои можат да го зголемат LDL холестеролот.
Тој додава и дека високите дози го зголемуваат ризикот од атриска фибрилација:
„Сѐ уште не знаеме зошто, но важно е да се консултирате со кардиолог пред да користите нешто кое може да влијае на здравјето на срцето“.

Кардиологот д-р Франк Ј. Хан тврди дека високите дози на рибино масло можат да предизвикаат гастроинтестинални пречки и зголемен ризик од крвавење.
Докторите затоа сметаат дека омега-3 лекот е посигурна опција затоа што има докажана корист само во препорачаните единици од доктрот.
Доволно омега-3 масни киселини можат да се внесат и преку храната, како што е рибата или намирниците како што се ленените семиња, чиа семињата и оревите, со напомена дека секојдневното консумирање риба го зголемува ризикот од внес на жива.










