Солените мафини од пченкарно брашно кои се истовремено меки, ароматични и полни со боја се совршени за празничната трпеза или за кој било друг ден кога сакате нешто едноставно, а посебно.
За љубителите на царски пити, царските мафини се одлично решение, едно од најпрактичните печива за секој што пости или сака поздрави закуски.
Идеални се како предјадење или додаток на главното јадење, а благодарение на нивниот привлечен изглед и сочна текстура, ќе бидат вистински хит на секоја трпеза. Можете да ги спакувате како ужина за на работа или училиште.
Состојки:
150 г пченкарно брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 мл масло
200 мл растително млеко по вкус
200 г растително сирење
5 кисели краставички
магдонос по вкус
1 црвена пиперка
малку сол и оригано
Подготовка:
Измешајте го пченкарното брашно со прашокот за печиво, потоа додадете растително млеко (соино, овесно, бадемово…) и рендано растително сирење.
Кога добро ќе измешате, за да нема грутки, додадете магдонос, ситно исечкани краставчки и пипер, потоа додадете сол и оригано и добро измешајте.
Истурете во калап за мафини обложен со корпички за печење и печете во рерна загреана на 220 степени околу 30 минути.








