[ВИДЕО] „Се преправаат“: Прва средба на новата Мис Универзум со директорот по скандалот стана вирална

Точка

23/11/2025

09:41

1.531

Големина на фонт

а а а

Мексиканката Фатима Бош ја освои титулата Мис Универзум 2025, а нејзината победа го привлече вниманието на јавноста поради нејзиниот претходен конфликт со директорот на натпреварувањето, Нават Ицарагрисил.

Токму поради тоа, нивната прва средба откако беше прогласена за победничка се најде под будното око на камерите и гледачите ширум светот.

Незгодна прва средба

Откако Фатима беше прогласена за нова Мис Универзум, многумина нетрпеливо чекаа да видат каква ќе биде нејзината прва средба со шефот на организацијата. Во краток разговор на сцената, кој брзо се прошири на социјалните мрежи, Ицарагрисил ѝ честитал, но многумина забележале дека атмосферата била воздржана и малку напната. Погледнете го видеото:


Иако поздравот беше срдечен, корисниците на социјалните мрежи коментираа дека постоела непријатност. „Можете да видите дека се воздржуваат“, „Ова е толку смешно!“, „Нават се смее како ништо да не се случило“ и „Обожавам да ги гледам како се преправаат дека се среќни“, беа само дел од реакциите на гледачите.

Што му претходеше на конфликтот?

Потсетуваме драмата меѓу новата Мис Универзум и директорот започна за време на натпреварувањето кога Ицарагрисил вербално ја нападна Бош, нарекувајќи ја „глупава“. Инцидентот се случи откако Бош беше издвоена од групата затоа што не снимила видео за социјалните мрежи, тврдејќи дека прво морала да се консултира со мексиканскиот менаџмент. Ицарагрисил подоцна побара од обезбедувањето да ја отстранат.

Неговите постапки предизвикаа револт кај другите натпреварувачки, кои ја напуштија просторијата заедно со тогашната актуелна Мис Универзум, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг, во знак на поддршка на 25-годишната Фатима. Ицарагрисил подоцна јавно и со солзи во очите се извини за своето однесување.

Инаку, Ицарагрисил, тајландски бизнисмен, е претседател на Мис Гранд Интернешнл, како и потпретседател за Азија и Океанија во рамките на организацијата Мис Универзум.

Која е Фатима?

Потсетуваме, титулата Мис Универзум 2025 ја освои Мис Мексико, Фатима Бош, девојката за која дури и обложувалниците предвидуваа дека има најголеми шанси за победа. Фатима е мексиканска манекенка и кралица на убавината од Табаско. Таа влегла во светот на изборите за убавина во 2018 година, а ја освои титулата Мис Универзум 2025 откако победи на изборот Мис Универзум Табаско.


Таа често зборувала за тоа како се соочувала со малтретирање во училиште поради нејзината дислексија и АДХД. Студирала моден дизајн на Ибероамериканскиот универзитет во Мексико.

Откако ја освои престижната титула, таа доби над 2,9 милиони следбеници на Инстаграм и над 1,2 милиони на ТикТок.