[ФОТО] „Ми го урочивте“: Тамара Тодевска им одговори на љубопитните фанови - каде е нејзиниот партнер?

Точка

21/11/2025

15:02

1.615

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тамара Тодевска конечно им одговори на љубопитните следбеници кои со недели прашуваат зошто не го гледаат нејзиниот партнер Лука Радовиќ во нејзините објави.

На Инстаграм стори, еден од фановите ѝ постави прашање:

„Зошто не го гледаме партнерот во последно време, преубав пар сте ми“.

Тамара, во свој препознатлив хумористичен стил, одговори:

„Тука е Лука, не смее да мрдне. Ми го урочивте, затоа не го гледате“.

Со оваа кратка шега, пејачката стави крај на сите шпекулации и јасно стави до знаење дека љубовта меѓу неа и Лука е повеќе од стабилна.


Тамара и Лука се заедно веќе неколку години и важат за еден од најхаризматичните парови на домашната сцена. Често знаат да споделат заеднички моменти од патувања, семејни прошетки и славења, а фановите ги обожуваат нивните искрени и топли објави.


Лука, кој по професија е архитект, редовно присуствува на настани и семејни моменти со Тамара и нејзините деца, а пејачката во повеќе наврати истакнува дека токму неговата едноставност, внимателност и стабилност ја освоиле.


Со овој одговор на Инстаграм, Тамара уште еднаш покажа дека не дозволува гласините да влијаат врз нејзиниот приватен живот и дека, како и секогаш, ги решава со насмевка и добра шега.

Автор: Ц.Н.