Реал го преживеа Франсиско, францускиот кошаркар доби ретка чест во арената во Мадрид

Дерби

21/11/2025

13:50

127

Големина на фонт

а а а

Жалгирис вчера загуби во драматична завршница на гостувањето кај Реал Мадрид, а натпреварот беше одбележан со вонсерискиот настап на Силвен Франсиско.

Францускиот кошаркар постигна 33 поени, ги излудуваше домашните фанови и блескаше и во клучните моменти, во кои Реал успеа некако да избегне црно сценарио.

Франсиско не успеа да обезбеди триумф за литванскиот состав, а на 2,5 секунди до крајот мораше да го напушти теренот поради заработени пет лични грешки.

Она што може да се смета како победа за Французинот е овациите кои ги доби од фановите на Реал во арената во Мадрид, чест која ретко може да ја добијат гостинските играчи, а го покажува и нивото на кое шпанските фанови ја разбираат и почитуваат кошарката.