Авторот на биографијата на Левандовски: Роберт притискал за откази за Анчелоти и Чави

Дерби

21/11/2025

13:20

205

Големина на фонт

а а а

Биографската книга за Роберт Левандовски открива интересни детали од кариерата на полскиот голгетер, а нејзиниот автор Себастијан Сташевски веќе ја шокираше јавноста со информацијата дека Барселона во еден момент побарала од напаѓачот да не постигнува голови во последните две кола од сезоната.

Сташевски во биографијата сега реализирал интервју поврзано со книгата, а во него истакнал дека Левандовски бил безмилосен во ситуација кога неговата екипа не играла како што треба и притискал кај раководството за тренерска смена.

– Жедта за победи го тера Роберт да користи едно основно правило во животот, а тоа е: Тие што ми помагаат да успеам се пријатели, тие што ми стојат на патот се непријатели.

– Ако тренерот се противел на неговите убедувања, тој сепак останувал на ставот дека е во право, – истакнал Сташевски во интервју за еден медиум.

Според полскиот новинар, токму ваквите ситуации довеле Левандовски да лобира за отказ за Карло Анчелоти во Баерн Минхен, односно Чави во Барселона.

Левандовски сметал дека Барса не игра на потребното ниво и самиот бил за тренерска смена.

– Флик пристигна и наеднаш Левандовски имаше одлична сезона. Кога се работи за победување, Роберт е безмилосен, – изјавил авторот на биографијата.