Споредба на платите во Јунајтед: Руни го стаписа Невил со сумата која ја добил на „Олд Трафорд“

Дерби

21/11/2025

12:48

386

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни бил гостин во подкастот на Гери Невил, а покрај големиот број обработени теми во присуство на Џејми Карагер и Иан Рајт, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ја открил и платата која во еден момент ја добивал на „Олд Трафорд“.

Невил во еден момент беше капитен на Јунајтед и откри дека таа сезона добил 1,75 милиони фунти од клубот, но остана стаписан откако Руни откри дека неговата годишна плата достигнала 17 милиони фунти.

– 17 милиони фунти во Јунајтед? Мислам дека требало да бидам малку подобро платен, нели? шеговито искоментира Невил откако го слушна одговорот на Руни.

– Го повлекувам она што сите овие години го кажував за агентите. Очигледно е дека ми требал агент, – рекол Невил.