Филмот „Se7en“ на Дејвид Финчер, приказната за детективите кои ги толкуваат Бред Пит и Морган Фримен, останува еден од највознемирувачките психолошки трилери кои биле снимени.
Доколку сте останале без текст откако откривте кој се крие зад злосторствата направени во име на седумте смртни гревови, сега ви претставуваме пет остварувања кои го изразуваат истото тоа чувство.
„Primal Fear“
Едвард Нортон во 1996 година го снимил остварувањето „Primal Fear“ со Ричард Гир кое сите кои го гледале ги оставило без зборови.
Приказната го следи адвокатот за одбрана Мартин Бајл којшто одлучува да го брани Арон Стемплер, главен осомничен за убиството на саканиот надбискуп.
„Gone Baby Gone“
Ова е филмот којшто гледачите ќе ги натера да ја преиспитаат сопствената свест. Приказната ги следи приватните истражувачи Патрик Кензи и Енџи Џенаро додека трагаат по исчезнатото четиригодишно девојче Аманда.
Филмот не завршува со јасен расплет туку поставува уште повеќе прашања кои ќе ве мачат долго откако ќе се појави завршната шпица.
„Shutter Island“
Филмот на Мартин Скорсезе со Леонардо ди Каприо во главната улога делува како непрекинат кошмар. Приказната делува едноставно: американскиот маршал Теди Даниелс (Леонардо ди Каприо) доаѓа во оддалечена психијатриска установа да го истражи исчезнувањето на една пациентка. Меѓутоа, штом стигне не може да се ослободи од чувството дека нешто сериозно не е во ред.
Скорсезе маестрално успева да ја зароби публиката во внатрешноста на паранојата на Теди. Како што тој полека го губи допирот со реалноста, го губи и гледачот.
„I Saw the Devil“
Овој корејски акциско-психолошки трилер целосно ги сменил правилата на играта на овој жанр.
Филмот којшто го режирал Ким Џи-вун, го следи агентот на Националната разузнавачка служба Ким Су-хјон чија вереница е брутално убиена од страна на садистичкиот сериски убиец Џанг Кјунг-чу. Су-хјон тргнува во одмазда, а играта мачка и глушец се претвора во тежок конфликт.
Филмот ја зема познатата приказна за одмазда и ја претвора во длабока рефлексија за моралот.
„Memories of Murder“
Дејството на филмот е сместено во рурална Јужна Кореја во текот на 80-тите години и се темели на првите забележани случаи на сериски убиства во земјата.
Приказната го следи детективот Парк Ду којшто тврди дека може да го препознае убиецот само доколку го погледне во очи. Неговата способност е доведена во прашање кога во градот пристигнува детективот Со Тае-јун од Сеул којшто е „вооружен“ со форензичко знаење и логика. Како што бројот на жртви се зголемува, така двајцата детективи мора да ги надминат своите разлики и да го најдат вистинскиот убиец.














