Ана Стојанова, онлајн фитнес инструкторка и инфлуенсерка, повторно ја заинтригира јавноста со својата искреност, својата визија за „идеалната жена“ и борбата со длабокиот социјален притисок.
Но, зад фотографиите што пленат и зборовите што инспирираат, стои една жена која не се плаши да биде своја, и која свесно креира свој живот, дури и кога патот не е лесен.
„Која е ‘идеалната жена’ во денешно време? Дали е онаа што си го живее сонот или онаа која се крие зад него“, пишува Ана. За неа, она што навистина значи „идеалност“ не е перфектен изглед, туку храброст, храброст да не чекуваш некој да те разбере, туку да разоткријеш делови од себе што многумина би сакале да ги сокријат.
Ана открива дека многу жени се плашат од осуда. Во пораките што ги прима, често слуша: „Ти си друго Ана … јас не би можела со тој притисок“.
„Дали финансиската слобода е таа што не прави похрабри, за да не живееме под острите правила на ‘посилниот пол’ и со мир и тишина да ги прифаќаме сите нивни навреди“, прашува, покажувајќи дека за неа слободата не е само економска, туку и романтична и духовна, слобода од суд што често доаѓа од страна на општеството, но и од сами нас.
Иако со години инспирира илјадници жени преку нејзините фитнес програми, Ана Стојанова не е само „фитнес инструкторка“. Тоа што ја прави навистина значајна е нејзината способност да биде глас за оние кои можеби не се чувствуваат доволно храбри да зборуваат: за телото, за самодовербата, за независноста.
За многумина, идеалната жена денес не е само онаа што блеска на социјалните мрежи, туку онаа што се разголува - не само телесно, туку емотивно и психички. Онаа која не бега од раните, туку ги покажува, онаа која не чека дозвола за својот успех, туку ја презема, онаа која не живее по мерки зададени од другите, туку ги црта своите граници.
Иако Ана не штеди зборови за борбата, нејзината порака е чиста: храброста, самодовербата и финансиската автономија не се привилегија, туку право. И таа е подготвена не само да живее свој сон, туку да ги поддржи и сите оние жени што сакаат да го живеат својот.







